Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2024 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.7 % на месечно ниво и за 0.1 % на годишно ниво.
Во април 2024, во споредба со март 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи
на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 1.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.8 % и
Нетрајни производи за широка потрошувачи за 0.4 %.
Во април 2024, во споредба со април 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи
на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 2.5 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 4.3 % и
Нетрајни производи за широка потрошувачи за 4.6 %.