Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2023 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.9 % на месечно ниво и за 3.9 % на годишно ниво.
Во октомври 2023, во споредба со септември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи се пониски во групите Енергија за 0.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.6 %, Капитални
производи за 0.8 % и Нетрајни производи за 1.3 %.
Во октомври 2023, во споредба со октомври 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 11.1 %, Интермедијарни производи, освен енергија
за 9.5 % и Капитални производи за 6.9 %.