Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, јули 2014

среда, 13 август 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2014, продажните цени на производителите
на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.2% на месечно, односно за 0.7% на годишно
ниво.
Во јули 2014, во споредба со јуни 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи
на домашниот пазар се пониски во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0.3%, во групата
Капитални производи и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2% и во групата Енергија
за 0.1%, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.
Во јули 2014, во споредба со јули 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на
домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.2%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 858

е-пошта:  lefterija.kalevska@stat.gov.mk  apostol.simovski@stat.gov.mk
  




© Државен завод за статистика