+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Социјална и здравствена заштита


Установи за згрижување и воспитание на деца − детски градинки/ центри за ран детски развој во 2021 година

петок, 03 јуни 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година (состојба на 30 септември), во установите за згрижување и воспитание на деца − детски градинки/центри за ран детски развој се регистрирани 31 293 деца, што претставува зголемување од 17.7 % во однос на 2020 година.

Со годишните извештаи во 2021 година се опфатени 104 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за 8.3 % повеќе во однос на 2020 година.

Овие установи им обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата на возраст до 6 години во согласност со нивните развојни потреби, во повеќе групи (групи на деца во развоен период до 2 години, групи на деца во развоен период од 2 години до тргнување на училиште, комбинирани групи, групи на деца со пречки во развојот, групи на деца во центар за ран детски развој во состав на детска градинка, групи за пилот-програми, групи за вонинституционална форма на активност) и други групи (за престој и исхрана).






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика