+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Социјална и здравствена заштита


Установи за згрижување и воспитание на деца − детски градинки/ центри за ран детски развој во 2020 година

петок, 26 февруари 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година (состојба на 30 септември), вкупниот број деца во установите за згрижување и воспитание на деца − детски градинки/центри за ран детски развој изнесува 26 589, што претставува намалување за 30.2 % во однос на 2019 година.

Со годишните извештаи во 2020 година се опфатени 96 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за 6.8 % помалку во однос на 2019 година.

Овие установи им обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата на возраст до 6 години во согласност со нивните развојни потреби, во повеќе групи (групи на деца во развоен период до 2 години, групи на деца во развоен период од 2 години до тргнување на училиште, комбинирани групи, групи на деца со пречки во развојот, групи на деца во центар за ран детски развој во состав на детска градинка, групи за пилот-програми, групи за вонинституционална форма на активност) и други групи (за престој и исхрана).






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика