Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Индустрија


Индекси на бројот на работниците во индустријата, јули 2015 година

понеделник, 31 август 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, изнесува 101.3.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2015 година, во однос на јули 2014
година, бележи опаѓање од 2.8%, а бележи пораст во секторот Преработувачка индустрија од 1.6%, и во
секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0.2%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2015 година, во однос на јули
2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.7%, Капитални производи
за 19.0% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0.3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1.9% и
Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.1%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - јули 2015 година, во однос на
периодот јануари - јули 2014 година, изнесува 101.9





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 651

е-пошта:  aneta.kostevska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика