Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, изнесува 102.9.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2023 година, во однос на октомври
2022 година, бележи опаѓање од 0.4 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3.5 %, а во секторот
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 5.1 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2023 година, во однос
на октомври 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 17.5 % и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 0.2 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за
4.1 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.1 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на
периодот јануари – октомври 2022 година, изнесува 101.2.