Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во август 2021 година, во однос на август 2020 година, изнесува 98.3.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2021 година, во однос на август 2020 година, бележи опаѓање од 7.5 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 1.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.0 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2021 година, во однос на август 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.3 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 6.0 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.7 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - август 2021 година, во однос на периодот јануари - август 2020 година, изнесува 97.9.