Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е зголемен за 2.2 %. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 5.7 %, во приградскиот превоз за 6.5 %, додека во меѓуградскиот превоз е намален за 26.5 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 12.1 %.
Во однос на второто тримесечје од 2019 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 13.4 %. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 14.7 %, во приградскиот превоз за 13.3 %, во меѓуградскиот превоз за 9.1 %, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 28.7 %.
Во третото тримесечје од 2019 година, во однос на истиот период од 2018 година, вкупниот број на патничките километри во патниот патнички превоз е намален за 5.9 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 4.9 %, во приградскиот за 8.1 %, додека во меѓуградскиот превоз е намален за 25.2 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 1.7 %.
Во однос на второто тримесечје од 2019 година, вкупниот број на патничките километри е зголемен за 0.3 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 14.2 %, во приградскиот превоз за 13.2 %, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 4.9 %, а во меѓународниот зголемувањето изнесува 22.0 %.