Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации


Превезени патници со автобуси, четврто тримесечје, 2018 година

четврток, 28 февруари 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период од 2017 година, вкупниот број превезени патници во патниот патнички превоз е зголемен за 2.3 %. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 3.6 %, во меѓународниот превоз за 6.1 %, додека во приградскиот превоз е зголемен за 9.3 %, а во меѓуградскиот превоз за 14.5 %.

Во однос на третото тримесечје од 2018 година, вкупниот број превезени патници е зголемен за 25.3 %. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во меѓународниот превоз е намален за 23.3 %, додека во градскиот превоз е зголемен за 30.8 %, во приградскиот превоз за 26.9 %, а во меѓуградскиот превоз за 1.0 %.

Во четвртото тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период од 2017 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 8.4 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 2.9 %, во приградскиот превоз за 12.8 %, во меѓуградскиот превоз за 17.6 %, а во меѓународниот превоз е намален за 0.7%.

Во однос на третото тримесечје од 2018 година, вкупниот број патнички километри е зголемен за 4.7 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 28.5 %, во приградскиот превоз за 24.6 %, во меѓуградскиот превоз е намален за 3.0 %, додека во меѓународниот превоз е намален за 13.3 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика