Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Транспорт и комуникации
Превезени патници со автобуси, трето тримесечје, 2018 година
понеделник, 19 ноември 2018
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период од 2017 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е намален за 0.1 %. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 6.2 %, во меѓународниот превоз за 13.4 %, додека во приградскиот превоз е зголемен за 8.5 %, а во меѓуградскиот превоз за 6.4 %. Во однос на второто тримесечје од 2018 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 18.4 %. Според видот на превоз, бројот на превезени патници во меѓународниот превоз е зголемен за 26.3 %, додека во градскиот превоз е намален за 19.0 %, во приградскиот превоз за 22.5 %, а во меѓуградскиот превоз за 2.2 %. Во третото тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период од 2017 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 0.5 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 5.6 %, во меѓународниот превоз за 12.8 %, додека во приградскиот превоз е зголемен за 12.3 %, а во меѓуградскиот превоз за 12.1 %. Во однос на второто тримесечје од 2018 година, вкупниот број на патнички километри е намален за 2.2 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 31.6 %, во приградскиот превоз за 4.8 %, во меѓуградскиот превоз за 3.3 %, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 28.1 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика