Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Транспорт и комуникации
Превезени патници со автобуси, прво тримесечје, 2018 година
понеделник, 21 мај 2018
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период од 2017 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е намален за 1.2 %. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 4.5 %, во приградскиот превоз за 1.6 %, во меѓународниот превоз за 6,4 %, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 25.1 %. Во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 4.4 %. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 13.1 %, во приградскиот превоз е зголемен за 5.8 %, во меѓуградскиот превоз за 13.6 %, додека во меѓународниот превоз е намален за 10.7 %. Во првото тримесечје од 2018 година, во однос на истиот период од 2017 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 5.1 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 31.0 %, во приградскиот превоз за 5.9 %, во меѓународниот превоз за 5.8 %, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 23.7 %. Во однос на четвртото тримесечје од 2017 година, вкупниот број на патнички километри е зголемен за 4.1 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 5.9 %, во приградскиот превоз е зголемен за 12.5 %, во меѓуградскиот превоз за 13.8 %, додека во меѓународниот превоз e намален за 6.0 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика