Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации


Превезени патници со автобуси, трето тримесечје, 2017 година

петок, 17 ноември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2017 година, во однос на
истиот период од 2016 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е намален
за 3.7%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 6.8%, во
приградскиот превоз за 3.5%, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 11.7%, додека во меѓународниот превоз
зголемувањето изнесува 12.6%.

Во однос на второто тримесечје од 2017 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 19.1%. Според
видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 15.6%, во приградскиот
превоз за 28.7%, во меѓуградскиот превоз за 4.4%, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 33.2%.

Во третото тримесечје од 2017 година, во однос на истиот период од 2016 година, вкупниот број на патничките
километри во патниот патнички превоз е зголемен за 1.6%. Според видот на превозот, бројот на патничките
километри во градскиот превоз е зголемен за 1.7%, во приградскиот превоз е намален за 7.6%, во меѓуградскиот
превоз е зголемен за 5.2%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 4.6%.

Во однос на второто тримесечје од 2017 година, вкупниот број на патничките километри е намален за 17.3%. Според
видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 44.4%, во приградскиот превоз
за 40.0%, во меѓуградскиот превоз за 2.5%, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 19.8%.

Податоците за првото и второто тримесечје од 2017 година се ревидирани согласно ревидираните податоци од извештајната единица.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика