Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации


Превезени патници со автобуси, прво тримесечје од 2017 година

петок, 19 мај 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2017 година, во однос на
истиот период од 2016 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е зголемен
за 6.5%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 1.4%,
во приградскиот превоз за 15.9%, во меѓународниот превоз за 23.8%, додека во меѓуградскиот превоз
намалувањето изнесува 0.8%.
Во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 0.9%.
Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 7.3%, во приградскиот
превоз е зголемен за 11.3%, во меѓународниот превоз за 4.5%, додека во меѓуградскиот превоз намалувањето
изнесува 6.9%.
Во првото тримесечје од 2017 година, во однос на истиот период од 2016 година, вкупниот број на патнички
километри во патниот патнички превоз е зголемен за 14.7%. Според видот на превозот, бројот на патничките
километри во градскиот превоз е зголемен за 7.8%, во приградскиот превоз за 18.6%, во меѓународниот превоз
за 40.3%, додека во меѓуградскиот превоз е намален за 2.8%.
Во однос на четвртото тримесечје од 2016 година, вкупниот број на патнички километри е зголемен за 14.7%.
Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 14.2%, во
приградскиот превоз за 35.8%, во меѓународниот превоз за 27.7%, додека во меѓуградскиот превоз e намален
за 12.1%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика