Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Транспорт и комуникации
Превезени патници со автобуси, трето тримесечје од 2016 година
петок, 18 ноември 2016
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз е намален за 0.9%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е зголемен за 0.5%, во меѓународниот превоз за 13.4%, додека во приградскиот превоз е намален за 0.8%, а во меѓуградскиот превоз намалувањето изнесува 10.5%. Во однос на второто тримесечје од 2016 година, вкупниот број на превезени патници е намален за 20.5%. Според видот на превозот, во градскиот превоз е забележано намалување за 19.9%, во приградскиот превоз за 26.3%, во меѓуградскиот превоз за 3.1%, додека во меѓународниот превоз е забележано зголемување за 39.0%. Во третото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, вкупниот број на патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 1.2%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 11.0%, во меѓуградскиот превоз за 9.9%, додека во приградскиот превоз е зголемен за 17.0%, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 8.6%. Во однос на второто тримесечје од 2016 година, вкупниот број на патничките километри е зголемен за 6.1%. Според видот на превозот, во меѓународниот превоз е зголемен за 71.1%, во градскиот превоз е намален за 27.4%, во приградскиот превоз за 10.9%, додека во меѓуградскиот превоз намалувањето изнесува 0.1%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика