Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации


Превезени патници со автобуси, второ тримесечје од 2016 година

петок, 19 август 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2016 година, во однос на
истиот период од 2015 година, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 4.1%, во
приградскиот превоз за 1.3%, во меѓуградскиот превоз за 2.4%, додека во меѓународниот превоз намалувањето
изнесува 8.8%.


Во однос на првото тримесечје од 2016 година, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен
за 5.1%, во приградскиот превоз за 12.5%, во меѓуградскиот превоз за 7.5%, додека во меѓународниот превоз
зголемувањето изнесува 17.2%.


Во второто тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, бројот на патничките
километри во градскиот превоз е намален за 3.5%, во приградскиот превоз за 12.9%, додека во меѓуградскиот
превоз намалувањето изнесува 6.5%, а во меѓународниот превоз 33.8%.


Во однос на првото тримесечје од 2016 година, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален
за 9.1%, во приградскиот превоз за 2.7%, додека во меѓуградскиот превоз зголемувањето изнесува 8.8%, а во
меѓународниот превоз 2.9%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика