Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации


Превезени патници со автобуси, трето тримесечје од 2024 година

среда, 20 ноември 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, вкупно 9 433 илјади патници биле превезени во патничкиот патен превоз, односно за 6.9 % помалку во однос на истиот период од претходната година. Според видот на превозот, бројот на превезените патници е намален во градскиот превоз за 7.4 %, а во приградскиот превоз за 10.4 %, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 13.2 %, а во меѓународниот превоз за 2.7 %.

Во третото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 8.9 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 17.3 %, во приградскиот превоз е намален за 1.3 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 7.4 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 10.8 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389295666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика