Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен
превоз изнесува 11 166 илјади во четвртото тримесечје од 2023 година и во однос на истиот период од претходната
година е намален за 12.5 %. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е
намален за 16.1 %, во приградскиот превоз е намален за 9.9 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 2.9 %, а во
меѓународниот превоз е намален за 14.6 %.
Во четвртото тримесечје од 2023 година, во однос на истиот период од 2022 година, вкупниот број патнички
километри во патниот патнички превоз е намален за 38.5 %. Според видот на превозот, бројот на патничките
километри во градскиот превоз е намален за 87.8 %, во приградскиот превоз е намален за 63.2 %, во меѓуградскиот
превоз е зголемен за 4.6 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 6.7 %.