Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен
превоз изнесува 12 765 илјади во четвртото тримесечје од 2022 година и во однос на истиот период од претходната
година е зголемен за 9.1 %. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е
зголемен за 14.2 %, во приградскиот превоз за 0.8 %, во меѓуградскиот превоз за 14.6 %, а во меѓународниот
превоз за 77.6 %.
Во четвртото тримесечје од 2022 година, во однос на истиот период од 2021 година, вкупниот број патнички
километри во патниот патнички превоз е зголемен за 128.3 %. Според видот на превозот, бројот на патничките
километри во градскиот превоз е зголемен за 523.7 %, во приградскиот превоз за 185.2 %, во меѓуградскиот превоз
е зголемен за 12.5 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 101.0 %.