Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен
превоз изнесува 10 395 илјади во третото тримесечје од 2022 година и во однос на истиот период од претходната
година е зголемен за 7.1 %. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е
зголемен за 7.6 %, во приградскиот превоз за 5.6 %, во меѓуградскиот превоз за 5.5 %, а во меѓународниот превоз
за 45.3 %.
Во третото тримесечје од 2022 година, во однос на истиот период од 2021 година, вкупниот број патнички километри
во патниот патнички превоз е зголемен за 19.7 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во
градскиот превоз е зголемен за 6.7 %, во приградскиот превоз за 1.6 %, во меѓуградскиот превоз е намален за 3.4 %,
а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 41.1 %.