Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува
11 467 илјади во второто тримесечје од 2022 година и во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 20.4 %.
Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 10.8 %, во приградскиот превоз за
29.4 %, во меѓуградскиот превоз за 58.7 %, а во меѓународниот превоз за 62.6 %.
Во второто тримесечје од 2022 година, во однос на истиот период од 2021 година, вкупниот број на патнички километри
во патниот патнички превоз е зголемен за 41.0 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот
превоз е зголемен за 14.9 %, во приградскиот превоз за 30.9 %, во меѓуградскиот превоз за 52.0 %, а во меѓународниот превоз
зголемувањето изнесува 43.9 %.