Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2022 година биле превезени вкупно 10 467 илјади
патници во патничкиот патен превоз и во однос на истиот период од претходната година се бележи зголемување за 14.3 %. Според
видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 6.0 %, во приградскиот превоз за 23.6 %, во
меѓуградскиот превоз за 26.1 %, а во меѓународниот превоз за 115.0 %.
Во првото тримесечје од 2022 година, во однос на истиот период од 2021 година, вкупниот број патнички километри во патниот
патнички превоз е зголемен за 63.5 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен
за 0.2 %, во приградскиот превоз за 38.4 %, во меѓуградскиот превоз за 11.7 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето е 152.0 %.