Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува
11 700 илјади во четвртото тримесечје од 2021 година и во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 16.9 %.
Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 12.5 %, во приградскиот превоз за
24.0 %, во меѓуградскиот превоз за 5.9 %, а во меѓународниот превоз за 156.9 %.
Во четвртото тримесечје од 2021 година, во однос на истиот период од 2020 година, вкупниот број патнички километри во патниот
патнички превоз е зголемен за 41.4 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен
за 13.3 %, во приградскиот превоз за 7.8 %, во меѓуградскиот превоз за 20.1 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува
111.1 %.