Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации


Превезени патници со автобуси, второ тримесечје од 2021 година

среда, 18 август 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9 521 илјада во второто тримесечје од 2021 година и во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 33.4 %. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 61.0 %, во приградскиот превоз за 4.2 %, а во меѓуградскиот превоз за 32.1 %.

Во второто тримесечје од 2021 година, во однос на истиот период од 2020 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 117.4 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е зголемен за 3.1 %, во приградскиот превоз за 15.9 %, а во меѓуградскиот превоз за 64.2 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика