Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Транспорт и комуникации


Превезени патници со автобуси, второ тримесечје од 2020 година

вторник, 18 август 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2020 година, во патниот патнички превоз со автобуси се превезени вкупно 7 136 илјади патници и во однос на истиот период од претходната година нивниот број е намален за 64.8 %. Според видот на превозот, бројот на превезените патници со автобуси во градскиот превоз е намален за 68.6 %, во приградскиот превоз за 56.7 %, во меѓуградскиот превоз за 74.8 %, а во меѓународниот превоз за 99.7 %.

Во второто тримесечје од 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, патничките километри во автобускиот патнички превоз се намалени вкупно за 88.2 %. Според видот на превозот, патничките километри во градскиот превоз бележат намалување од 88.8 %, во приградскиот превоз 83.9 %, во меѓуградскиот превоз 80.6 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 99.7 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика