Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животна средина


Трошоци за заштита на животната средина, 2021 година

петок, 09 септември 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2021 година изнесува 7 239 404 илјади денари.

Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е трошоците за постапување со отпад (32.26 %), потоа учеството на трошоците за управување со отпадни води (25.91 %) и на трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (23.38 %).

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 67.88 %, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 32.12 %.

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 4 002 365 илјади денари, односно 55.29 %.

Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 45.80 % се наменети за инвестиции, а 54.20 % се за одржување на средствата.

Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 84.53 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика