Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2017, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.8% на месечно ниво, а за 4.5% на годишно ниво.
Во февруари 2017, во споредба со јануари 2017, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3.6%, во секторот Преработувачка
индустрија за 0.4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.8% .
Во февруари 2017, во споредба со февруари 2016, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 30.0%, во секторот Преработувачка
индустрија за 2.8% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.7%.