Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2016, продажните цени на производителите на
индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.3% на месечно ниво, а се пониски за 4.3% на годишно ниво.
Во март 2016, во споредба со февруари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6.1%, во секторот Преработувачка индустрија
се на исто ниво, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски
за 0.7%.
Во март 2016, во споредба со март 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи,
вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2.7% , во секторот Преработувачка индустрија
за 4.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0.4%.