Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво се пониски за 0.5 %, а на годишно ниво за 4.0 %.
Во декември 2023, во споредба со ноември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.3 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %.
Во декември 2023, во споредба со декември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 19.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 11.6 %.