Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2023 година, продажните цени на
производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски за 0.8 % на месечно ниво, а за 1.8 % на годишно
ниво.
Во септември 2023, во споредба со август 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.5 %, во секторот Преработувачка
индустрија се пониски за 1.1 %, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
остануваат непроменети.
Во септември 2023, во споредба со септември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 13.6 %, во секторот Преработувачка
индустрија за 0.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 10.4 %.