Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 0.2 %, а на годишно ниво се повисоки за 0.6 %.
Во јуни 2023, во споредба со мај 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.8 %, во секторот Преработувачка индустрија остануваат непроменети, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0.2 %.
Во јуни 2023, во споредба со јуни 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 18.4 %, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 1.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 17.1 %.