Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.8 % на месечно ниво, а за 15.7 % на годишно ниво.
Во февруари 2022, во споредба со јануари 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.1 % и во секторот Преработувачка индустрија за 1.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0.8%.
Во февруари 2022, во споредба со февруари 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 17.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 13.8 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 44.0 %.