Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари, август 2012

понеделник, 15 октомври 2012


Производителите на индустриски производи, своите производи ги пласираат на домашниот и на странскиот
пазар. Со пресметката на индексот на цените на производителите на индустриски производи на домашниот
пазар, се покрива само едниот сегмент од пласманот на производството. Со цел да се овозможи увид во
движењето на цените и на вториот сегмент, пласманот на индустриските производи на странски пазари,
Државниот завод за статистика започнува со пресметка и на индексот на цените на производителите на
индустриски производи на странски пазари.


Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2012, продажните цени на производителите на
индустриски производи на странски пазари се пониски за 1.1% на месечно ниво, а за 3.7% на годишно ниво.


Во август 2012, во споредба со јули 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на
странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4.1%, а во секторот Преработувачка
индустрија се пониски за 1.6%.


Во август 2012, во споредба со август 2011, продажните цени на производителите на индустриски производи на
странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.2%, а во секторот Преработувачка
индустрија се пониски за 4%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 858

е-пошта:  lefterija.kalevska@stat.gov.mk  elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk
  




© Државен завод за статистика