Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари, aприл 2012

петок, 15 јуни 2012


Производителите на индустриски производи, своите производи ги пласираат на домашниот и на странскиот
пазар. Со пресметката на индексот на цените на производителите на индустриски производи на домашен пазар,
се покрива само едниот сегмент од пласманот на производството. Со цел да се овозможи увид во движењето
на цените и на вториот сегмент, пласманот на индустриските производи на странски пазари, Државниот завод
за статистика на Република Македонија, започнува со пресметка и на индексот на цени на производителите на
индустриски производи на странски пазари.
За да им се обезбеди на корисниците можност за временска споредливост, направена е серија на податоците за
индексите за продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари од 2010 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2012, продажните цени на производителите на
индустриски производи на странски пазари се пониски за 4.4% на месечно ниво, а за 6.5% на годишно ниво.
Во април 2012, во споредба со март 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на
странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5.8%, а во секторот Преработувачка
индустрија се пониски за 5.4%.
Во април 2012, во споредба со април 2011, продажните цени на производителите на индустриски производи
на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2.7%, a во секторот Преработувачка
индустрија за 6.9%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 858

е-пошта:  lefterija.kalevska@stat.gov.mk  elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk
  




© Државен завод за статистика