Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2024 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи на странските пазари се повисоки на месечно ниво за 0.6 %, а на годишно ниво за 0.4 %.
Во јуни 2024, во споредба со мај 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на
странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.6 %, додека во секторот Преработувачка
индустрија се повисоки за 0.7%.
Во јуни 2024, во споредба со јуни 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на
странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 16.3 %, а во секторот Преработувачка
индустрија се пониски за 0.3 %.