Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2023 година, продажните цени на
производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски за 1.3 % на месечно ниво, а за 1.5 % на
годишно ниво.
Во септември 2023, во споредба со август 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3.6 %, а во секторот
Преработувачка индустрија се пониски за 1.7 %.
Во септември 2023, во споредба со септември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 14.0 %, а во секторот
Преработувачка индустрија за 0.4 %.