Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2021 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи на странските пазари на месечно ниво се повисоки за 0.8 %, а на годишно ниво за 17.4 %.
Во декември 2021, во споредба со ноември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.7 %, а во секторот
Преработувачка индустрија за 0.6 %.
Во декември 2021, во споредба со декември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 24.0 %, а во секторот
Преработувачка индустрија за 16.8 %.