+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Слободни работни места, четврто тримесечје 2012 година

петок, 01 март 2013


Целта на Анкетата за слободни работни места е да се добијат информации за слободните работни места во
претпријатијата во Република Македонија - податоци кои се важни за следење на макроекономските движења
и политики на пазарот на трудот.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2012 година, стапката на
слободните работни места изнесува 1.23%.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Г - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа
и климатизација која изнесува 2.65%, додека најмала е стапката во секторот Ј - Дејности во врска со недвижен
имот која изнесува 0.17%.
Деловните субјекти кои имаат од 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места која
изнесува 1.45%.
Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.22%.
Најголем број на слободни работни места, односно 992, има во групата на занимања Работници во услужни
дејности и продажба.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: Elena Petreska

е-пошта:  elena.petreska@stat.gov.mk;  jane.mirceski@stat.gov.mk
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика