Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, 67 296 пазарноориентирани деловни субјекти
активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности1) оствариле вкупен
промет од 2 096 800 милиони денари и додадена вредност од 394 618 милиони денари. За ангажираните 432 518
вработени лица биле издвоени 200 893 милиони денари.
Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 38.4 %, а по него следат секторот
Преработувачка индустрија со 25.1 %, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 12.7 %,
Градежништво со 6 % и секторот Транспорт и складирање со 5.1 %.
Секторот на преработувачката индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 25.3 %, следен од
секторот Трговија на големо и на мало со 21.2 %. Значително е учеството на секторите Информации и комуникации
со 9.0 %, Градежништво со 8.5 % и Транспорт и складирање со 7.4 % во вкупната додадена вредност.
Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени
(91.2 %), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 33.8 % од вкупно вработените, тие
создале 22.8 % од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија со учество од само 0.2 % и со ангажирани
25.2 % од вработените создаваат 31.8 % од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор, и тоа,
главно, во секторот Преработувачка индустрија (11.9 %). Сепак, најголем е потенцијалот на малите и на средните
претпријатија (со 10 до 249 вработени), кои ангажираа 40.9 % од вработените и создадоа 45.4 % од вкупната додадена
вредност во деловниот сектор.