Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Население
Склучени и разведени бракови во Република Македонија во 2017 година
– дефинитивни податоци
среда, 16 мај 2018
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2017 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 4.4 % и изнесува 13 781 склучен брак. Најмногу бракови, 1 771 или 12.9 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец март, 764 или 5.5 %. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.1 % за жените и 91.4 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.9 % и во трет брак со учество од 0.7 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите. Во 2017 година, најголем број бракови, 4 570, кај жените биле склучени на возраст од 20 до 24 години или 33.2 %, а за мажите во старосната група од 25 до 29 години со 5 222 бракови или 37.9 %. Просечната возраст при склучувањето прв брак е 26.6 години за невестата и 29.3 години за младоженецот. Бројот на разводите во 2017 година бележи зголемување од 0.5 % во споредба со 2016 година и изнесува 1 994 разведени бракови. Најмалку бракови, 42 или 2.1 %, во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу, 224 или 11.2 %, во месец декември. Според возраста на сопругата и на сопругот, најголем број разводи, 387 или 19.4% се случиле во старосната група од 30 до 34 години, за сопругата и 356 или 17.9 % за сопругот.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика