Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Склучени и разведени бракови во Република Македонија во 2015 година - дефинитивни податоци -

четврток, 19 мај 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2015 година, во
споредба со претходната година, е зголемен за 2.7 % и изнесува 14 186 склучени бракови.
Најмногу бракови, 1 844 или 13.0%, се склучени во август, а најмалку, 702 или 4.9%, во март.
Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.6% за жените и 91.2% за мажите.
Во втор брак, со учество од 8.1%, и во трет брак, со учество 0.7% во вкупниот број склучени бракови, почесто
стапуваат мажите.
Просечната возраст при склучување прв брак е 26.2 години за невестата и 29.0 години за младоженецот.
Бројот на разводите во 2015 година бележи намалување од 0.5 % во споредба со 2014 година и изнесува 2 200
разведени бракови.
Најмалку бракови, 74 или 3.4%, во текот на годината, се разведени во август, а најмногу, 205 или 10.5%, во
декември.
Според траењето на бракот, најголем број разводи, 498, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на
бракот.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика