Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Склучени и разведени бракови во Република Македонија во 2014 година
- дефинитивни податоци -


четврток, 11 јуни 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2014 година, во
споредба со претходната година, е намален за 1.2% и изнесува 13 813 склучени бракови.


Најмногу бракови во текот на годината се склучени во август, 13.2%, а најмалку во март, 5.8%.


Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.7% за жените и 90.6% за мажите.


Во втор брак, со учество од 8.7% и трет брак, со учество 0.7% во вкупниот број на склучени бракови, почесто
стапуваат мажите.


Просечната возраст при склучување на прв брак е 26.0 години за невестата и 28.8 години за младоженецот.
Бројот на разводи во 2014 година бележи зголемување од 8.1% во споредба со 2013 година и изнесува 2 210
разведени бракови.


Најмалку бракови во текот на годината се разведени во август, 3.0% , а најмногу во декември, 11.2%.


Според возраста на сопругата, најголем број на разводи се случиле во старосната група од 30 до 34 години, a за
сопругот во старосната група од 35 до 39 години.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 616

е-пошта:  ace.pavlovski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика