Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Склучени и разведени бракови во Република Северна Македонија во 2021 година

среда, 01 јуни 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година се склучени 13 337 бракови и во споредба со претходната година нивниот број е зголемен за 29.8 %.

Најмногу бракови, 1 981 или 14.9 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец април, 667 или 5.1 %.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 94.0 % за жените и 93.3 % за мажите.

Во втор брак со учество од 6.2 % и во трет брак со учество од 0.6 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2021 година, најголем број бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 4 392 или 32.9 %  кај жените и 4 959 бракови или 37.2 % кај мажите.

Просечната возраст при склучување прв брак е 27.0 години за невестата и 29.8 години за младоженецот.

Во 2021 година се случиле 1 964 разводи, што претставува зголемување од 25.2 % во споредба со 2020 година. Во текот на годината, најмалку бракови, 70 или 3.6 %, се разведени во месец август, а најмногу, 202 или 10.3 %, во месец декември.

Според возраста, најголем број разводи се случиле во истата старосната група од 35 до 39 години, и тоа 364 или 18.5 % кај жените и 365 или 18.6 % кај мажите.

Според траењето на бракот, најмногу разводи, 451 или 23.0 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика