Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во август 2024 година во споредба со август 2023
година, гледано по групи и класи, и номинално и реално зголемување на прометот во трговијата на мало има во
групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13.1 %, реално за 10.8 %), Трговија на мало со
непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 5.6 %, реално за 2.3 %), Трговија на мало, освен трговија со
горива (номинално за 9.4 %, реално за 6.5 %), а во групата Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена само
реалната стапка, и тоа за 3.6 %, додека номиналната стапка опаѓа за 2.3 %.
Од 2024 година, месечните индекси за прометот во трговијата се пресметуваат со нова базна година 2021 = 100. Сите
индекси што се претходно објавени со базата 2015 = 100 се преработени со новата базна година и објавени во базата
MакСтат.