Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јуни 2024 година, во
споредба со јуни 2023 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот во номиналната и реалната стапка
е забележано кај групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 9.0 %, а реално за 7.4 %), додека
забележано е зголемување на прометот само на номиналната стапка кај групата Трговија на мало со храна, пијалаци и
тутун, и тоа за 1.7 %, a во групата Трговија на мало, освен трговија со горива, номиналната стапка останува непроменета,
а реалната опаѓа за 3.0 %.
Пад е забележан во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 1.7 %, а реално
за 4.8 %).
Од 2024 година, месечните индекси за прометот во трговијата се пресметуваат со нова базна година 2021=100. Сите
индекси кои се претходно објавени со базата 2015=100 се преработени со новата базна година и објавени во базата
MакСтат.