Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало во април 2024 година, во
споредба со април 2023 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија
на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално за 11.6 %, а реално за 7.7 %, Трговија на мало, освен
трговија со горива номинално за 8.4 %, а реално за 4.2 %, Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално за
5.6 %, а реално за 1.1 % и во групата Трговија на мало со автомобилски горива номинално за 5.4 %, а реално за 2.7 %.
Од 2024 година месечните индекси за прометот во трговијата се пресметуваат со нова базна година 2021 = 100. Сите
индекси што се објавени претходно со базна година 2015 = 100 се преработени со новата базна година и се објавени
во базата MакСтат.