Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во февруари 2024 година,
во споредба со февруари 2023 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите:
Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 16.0 %, а реално за 11.3 %), Трговија на
мало, освен трговија со горива (номинално за 8.1 %, а реално за 4.4 %), Трговија на мало со автомобилски горива
(номинално за 2.8 %, а реално за 5.4 %).
Пад е забележан само во реалната стапка во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун за 1.6 %.
Од 2024 година месечните индекси за прометот во трговијата се пресметуваат со нова базна година, 2021 = 100. Сите
индекси што се објавени претходно со базната година 2015 = 100 се преработени со новата базна година и се објавени
во базата на податоци MакСтат.