Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало во јануари 2024 година, во
споредба со јануари 2023 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите:
Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 4.4 %, а реално за 0.8 %), Трговија на мало, освен трговија
со горива (номинално за 6.4 %, а реално за 2.3 %), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
(номинално за 8.5 %, а реално за 3.8 %).
Пад и во двете стапки е забележан само во групата: Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 23.2 %,
а реално за 19.3 %).
Од 2024 година, месечните индекси за прометот во трговијата се пресметуваат со нова базна година: 2021 = 100. Сите
индекси објавени претходно со базата 2015 = 100 ќе бидат преработени со новата базна година и објавени во базата
MакСтат.