Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јули 2022 година, во
споредба со јули 2021 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија
на мало со автомобилски горива (номинално за 67.6 %, а реално за 11.5 %), а во групите: Трговија на мало со храна,
пијалаци и тутун, прометот е номинално зголемен за 5.3 %, а реално е намален за 11.8 % и Трговија на мало, освен
трговија со горива, прометот е номинално зголемен за 2.2 %, а реално е намален за 9.0 %.
Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
(номинално за 0.7 %, а реално за 6.1 %).