Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во февруари 2022 година,
во споредба со февруари 2021 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите:
Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 11.2 %, а реално за 7.8 %), Трговија на мало,
освен трговија со горива (номинално за 6.8 %, а реално за 1.0 %), Трговија на мало со автомобилски горива (номинално
за 58.7 %, а реално за 21.2 %), а во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, прометот е номинално зголемен
за 2.5 %, а реално е намален за 5.6 %.